Search

Маркус Рашфорд започна проект за да ја шири радоста на читањето кај децата

Фудбалерот Маркус Рашфорд ја продолжи својата кампања за бесплатни училишни оброци со лансирање клуб за книги со цел да им помогне на децата да уживаат во ескапизмот на читањето.

Sвездата на Манчестер Јунајтед и Англија се здружи со Macmillan Children’s Books за да го промовира читањето и писменоста.

„Книгите никогаш не беа нешто за што можевме да платиме како семејство“, рече тој, пренесува Би-би-си.

„Почнав да читам дури на 17 години и тоа целосно ги промени моите погледи и менталитет. Читањето не треба да биде за само оние што можат да си го дозволат тоа.“

23-годишниот фудбалер продолжи: „Би сакал да ја имав можноста да се занимавам со читање како дете.

“Имаше моменти кога ескапизмот на читањето навистина можеше да ми помогне. Јас го сакам ова бегство од реалноста за сите деца”.

Со овој проект ќе се подаруваат голем број книги на деца од сиромашни семејства и социјално ранливи групи.

„Знаеме дека во Велика Британија денес има над 380.000 деца кои никогаш не поседувале книга, деца кои се наоѓаат во ранливи средини. Тоа мора да се промени,“ рече Маркус.

Треба да знаете
Последни објави