Search

Марковиќ: Црна Гора не е веќе сама на глобалната сцена, членка е на НАТО

Црна Гора не е веќе сама на глобалната сцена, бидејќи е членка на НАТО, изјави денеска црногорскиот премиер Душко Марковиќ пред Парламентот.

– Денешната Црна Гора е отпорна на агресија и негирачи на нејзината независност, рече Марковиќ одговарајќи на пратенички прашања.

Како што пренесува радиото Антена М, на прашањето кој е одговорот на Владата на се почестите обиди на надворешни и внатрешни фактори за загрозување на мирот, стабилноста, демократијата и граѓанското општество во Црна Гора, Марковиќ рече дека тие напади не се ништо ново, туку се само „повеќе видливи”.

– Нашите одлуки може да бидат лоши и недоволно докажани, но тие се наши. Можеби не сме добра власт, но сме црногорска и независна. Граѓаните ќе проценат колку сме успешни на изборите оваа година, рече Марковиќ.

Треба да знаете
Последни објави