Search

Марковиќ го поддржа Подгоричкиот клуб, сочинет од поранешни функционери меѓу кои и Црвенковски и Костов

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ, завчера ги прими поранешните претседатели и премиери на земјите од регионот, собрани во новоформираниот Подгорички клуб и изрази целосна поддршка за работата на тоа тело и неговите понатамошни активности за промовирање на перспективите на регионот, негова европска интеграција, како и афирмација на политиката на добрососедство и соработка.

Тој оцени дека е природно  што иницијативата е наречена по главниот град на Црна Гора, која во  изминатите две децении помина низ процес на остварување на стратешките приоритети, при тоа сочувувајќи ги добрите односи со сите.

-Црна Гора имаше сериозни предизвици, но не загуби ниту еден пријател, а стекна голем број нови, рече црногорскиот премиер.

Марковиќ им се заблагодари на членовите на Подгоричкиот клуб за помошта, која како највисоки државни претставници и ја дале на Црна Гора во текот на процесот на обнова на независноста, како и  нејзините европски и евро-атлантски интеграции.

-Вашето искуство и овој формат го гледам како потенцијал, во нашиот регион да се соберат луѓе кои  сериозно ќе размислуваат за нашата заедничка иднина, рече Марковиќ.

Членови на Подгоричкиот клуб му ја претставија на Марковиќ  програмата на идната работа на создавање на нов наратив и нова визија за нашиот регион, истакнувајќи дека како членови на клубот се надвор од дневната политика и дека од таа позиција гледаат можност за делување во областите на промовирање на економска, научна и друга соработка.

Со премиерот на Црна Гора разговараа поранешниот претседател на Црна Гора Филип Вујановиќ, поранешните претседатели на Република Македонија Бранко Црвенковски, Република Словенија, Данило Тирк, поранешните премиери на Србија Мирко Цветковиќ и Хрватска Јадранка Косор и поранешниот претседател на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Златко Лагумџија.

Марковиќ беше информиран дека Подгоричкиот клуб го сочинуваат и поранешните претседатели на Република Словенија, Милан Кучан, хрватскиот претседател Стипе Месиќ и Република Косово Фатмир Сејдиу, поранешниот македонски премиер Хари Костов и поранешната претседателка на Народното собрание на Република Србија, Наташа Мичиќ. 

Треба да знаете
Последни објави