Search

Маричиќ – Блупринт група: Граѓанското општество ќе биде партнер во реформите во правосудството

Министерството за правда има отворени врати за соработка,  граѓанското општество ќе биде вклучено во повеќе процеси во ресорот правда, рече министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната средба со претставниците на повеќе граѓански организации кои се дел од Блупринт групата за реформи во правосудството.

Со Блупринт групата која ја следи Стратегијата за реформи во правосудниот сектор, министерот Маричиќ, соопшти неговиот Кабинет, дискутираше на повеќе актуелни теми како подготовките за почетокот на преговорите со Европската Унија, како и најжешките реформи во ресорот правда.

Според Кабинетот, точките за соработка се утврдени.

Треба да знаете
Последни објави