Search

Марихуана и пиштол пронајдени кај браќа од Влае

Марихуана и воздушен пиштол биле откриени кај двајца браќа-дилери во куќа во скопската населба Влае.

Според полицијата, од 19 до 21 часот бил извршен претрес во домот на Д.Ч.(20) на улицата Кленоец во Скопје.

При претресот во неговата соба биле пронајдени и одземени повеќе различни паковки со марихуана, семки од марихуана и еден куршум калибар 7,62мм.

Во собата на неговиот брат И.Ч. биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана и воздушен пиштол калибар 14,5 мм.

Во кујната била пронајдена и одземена дигитална вага со остатоци од марихуана. Д.Ч. и И.Ч. биле приведени и задржани во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави