Search

Манчестер сити ќе биде во исчекување на одлуката од Арбитражниот суд до 13 јули

Минатосезонскиот фудбалски шампион на Англија, Манчестер сити кој не ја одбрани титулата во налетот пред Ливерпул, дали ке игра на евро-сцената во новата сезона, иако има остварен пласман низ националното првенство каде е вторангиран, ќе дознае на 13 јули кога треба да биде обелоденета пресудата од Арбитражниот суд за спорт (ЦАС).

Унијата на европските фудбалски федерации (УЕФА) на почертокот од годинава ги казни „граѓаните“ со неиграње во европските натпреварувања во наредните две сезони и му одмери парична глоба од 30 милиони евра, поради кршење на финансискиот фер-плеј. На оваа одлука раководството на Манчестер сити поднесе жалба пред ЦАС, каде минатиот месец се одржа тридневно рочиште. Сега се чека одлуката по овој случај, од која зависи дали Манчестер сити ќе остане во двегодишна изолација или пак ќе продолжи со создавње на тим за покорување на Европа.

 

Треба да знаете
Последни објави