Search

Манчестер сити го растури Ливерпул, а загуби од Саутемптон

Минатогодишниот фудбалски шампиона на Англија Манчестер сити кој неуспеа да ја одбрани титулата во изминатат рунда од премиерлигашката конкуренција пред сасмо три дена го растури новиот првак Ливерпул (4:0), а вечерва во 33. коло загуби од Саутемптон (1:0).

Единствениот гол на натпреварот го постигна Че Адамс во 16. минута со удар од околу 40 метри.  Ова е втор пораз за „граѓаните“ на последните три натпревари и деветтиот во сезоната. Истото секако ги остава на второто место со 23 бода помалку од лидерот Ливерпул. Од друга страна, Саутемптон е на 13. позиција со освоени 43 бода.

Треба да знаете
Последни објави