Search

Мануела Швезинг заминува од лидерската позиција во СДП поради рак на дојка

Времената претседателка на Социјалдемократската партија на Германија (СДП) и гувернерка на сојузната држава Мекленбург-Западна Померанија, Мануела Швезинг поднесе оставка од својата функција поради дијагностициран рак на дојка.

Таа изјави дека е сигурна оти сосема ќе заздрави, но е потребно лекување и нема да може да присуствува на секој јавен состанок во следните месеци.

Швезинг денеска истакна дека планира да се повлече од лидерската позиција во СДП, но ќе го задржи гувернерското место.

Четириесет и пет годишната Мануела Швезинг стана еден од времените лидери на социјалдемократите по оставката на Андреа Налес во јуни поради лошите резултати на европските избори.

Треба да знаете
Последни објави