Search

Максимална победа во петтото коло за Алаклоид на ЕКК

Македонскиот шаховски претставник Алкалоид со максимален резултат 6:0 ја совлада екипата од Швајцарија „Zurich Schachgesellschаft” во 5. коло од Европскиот клупски куп (ЕКК) кој се одржува во црногорскиот град Улцињ. Во овој меч шахистите на Алкалоид покажаа најсигурна игра до сега и на ниедна табла не им дозволија на противниците да одземат некој поен.

Мамедјаров повторно демонстрираше висока класа и ја искористи малку пасивната игра на својот противник за да освои цел поен. Андреикин успеа да ја прекине серијата реми, овој пат не ја испушти остварената предност, а со тоа и цел поен. Најбрзите победи во мечот ги постигнаа Шанкланд и Криворучко. Ковалев ја оствари четвртата победа на турнирот, и на крајот Инаркиев го оформи конечниот резултат во мечот 6:0.

После петото коло, во водство е екипата „Obiettivo Risarcimento” Падова, Италија со максимални 10 меч бодови. Ја следат „Medny Vsadnik” Петербург Русија и „Sk Joly Lysa nad Labem” од Чешка со по еден бод помалку. Алкалоид моментално е на делба на четвртото до 10 место со 8 бода.

Во шестото коло, ШК Алкалоид за противник го има првакот на Чешка „Sk Joly Lysa nad Labem”, а “Obiettivo Risarcimento” игра против „Medny Vsadnik”.

Треба да знаете
Последни објави