Search

Макрон ја поддржа борбата за слобода на Венецуелците, но не и самопрогласениот претседател

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави храброста на граѓаните на Венецуела, но не го поддржа лидерот на тамошната опозиција, Хуам Гвидо, кој се прогласи за привремен претседател на таа земја.

-По илегалниот избор на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро во 2018 година, Европа ја поддржува обновата на демократијата. Ја поздравувам храброста на стотината илјади Венецуелци, кои маршираат за својата слобода, порача Макрон на Твитер.

Опозицискиот лидер Хуан Гвидо се прогласи вчера за привремен претседател на Венецуела, пред илјадници симпатизери, кои протестираа против актуелниот претседател Николас Мадуро. САД, Канада и поголем дел од латиноамериканските држави го признаа Гвидо за шеф на државата, поради што Мадуро ги прекина односите со САД.

Треба да знаете
Последни објави