Search

Макрон ја осудува „поврзаноста меѓу националистите и странските интереси” и предлага промена на европските договори

Во интервју за францускиот регионалниот печат, објавено во 40 регионални весници, шефот на француската држава Емануел Макрон прифаќа да биде „актер” на предизборната кампања за европските избори и дека не може да остане „гледач”, предупредувајќи против неизлегувањето на изборите на гласачите, пренесува дописникот на МИА.

Францускиот претседател смета дека нема друг избор освен да се вклучи во кампањата за европските избори на 26 мај.

„Не можам (…) да бидам гледач, туку актер на овие европски избори што се најважни од 1979 година, бидејќи Европската унија се соочува со егзистенцијален ризик”, тврди тој.

Ако признава дека тој не е „лидер на партија”, Макрон верува дека тој има одговорност пред историјата”. Пред сè, тој забележува дека „сите други листи прават референдум од изборите”, односно против претседателот на Републиката и Владата.

Во првиот дел од интервјуто, Емануел Макрон прво се обидува да ги мобилизира избирачите, додека стапката на апстиненција која ја очекуваат анкетите останува многу високи.

Францускиот претседател вели дека „да се одлучи да не се гласа е да се одлучи да им се даде глас на оние кои сакаат да не уништат. За да се изразат својот избор што и да е, тоа е на 26 мај или никогаш!” , вели тој.

Но, многу брзо, претседателот на Републиката ги презема акцентите на лидер на партијата за да ја нападне онаа која веќе беше негов главен противник во 2017 година: Националниот собир на Марин Ле Пен.

-Ние задремавме, како да не сфативме дека пред пет години партијата што победи на европските избори, беше Националниот фронт, вели Емануел Макрон. Дали тие успеаја на европско ниво? Тие гласаа против се што е во интерес на Франција. Нивниот проект ја ослабува Франција и ја дели Европа.

За францускиот претседател, присуството на Стив Банон во Париз неколку дена пред изборите не е ништо банално.

-За првпат гледам премолчена врска меѓу националистите и странските интереси, чија цел е демонтирање на Европа. Лобистите како г-динот Банон, блиски на американската власт, го кажуваат тоа. Русите и некои други никогаш не биле толку наметливи за да финансираат, да им помогнат на екстремните партии , изразува загриженост  Макрон.

-Ние можеме само да бидеме вознемирени. Не смееме да бидеме наивни, додава тој па дури и ако дипломатски објаснува дека не треба да се помешаат „државите и некои поединци “.

Меѓутоа, Емануел Макрон со желба да покаже дека Европа може да направи конкретен напредок, тој брани неколку предлози.

Во однос на екологијата, тој би сакал „да се напредува на заедничкото оданочување на керозинот во Европа и да има вистински меѓународни преговори”.

-Мора да ги оданочувате нај загадувачките компании во Европа и да воведете данок на јаглеродот на границите, додава тој.

Макрон исто така е против нацрт-реформата на заедничката земјоделска политика за која во моментов се дискутира во Брисел. Земјоделците „можат да сметаат на мојата поддршка”, ветува тој.

Пред сè, претседателот на Франција вели уште еднаш дека е подготвен за „промена на европските договори”, како што тоа го рече во својот говор на Сорбона во 2017 година и во своето писмо до Европејците објавено на 4 март.

-Сакам основоположничка европска конвенција по изборите. Да шефовите на државите и владите, со новата извршна власт и одговорните од парламентот, со граѓаните, да се одвои време за да се дефинира стратегијата на Европа во наредните пет години, се заложи тој.

Убеден дека неговиот главен резервоар на гласови е кај избирачите на десницата, Емануел Макрон не заборава да испрати неколку сигнали кон конзервативниот електорат.

-Не ги заштитуваме доволно нашите заеднички граници. Нема повеќе солидарност и има премногу разлики меѓу нашите права за азил, вели Макрон, за кого е неопходно „целосно да се реконструира Шенген, со помал простор, подобра заштита на заедничките граници , усогласување на правата за азил и управување со совет на министри за внатрешни работи”. Тој е, исто така, за воведувањето квоти во Франција за легална имиграција, без разлика дали е „економска или студентска”.

Претседателот, исто така, одбива да предвиде пораз, иако повеќето анкети сега ја ставаат листата на Националниот собир пред таа на мнозинството – Републиката во движење.

-Јас не претпоставувам таков случај. Јас немам дух на пораз, јас имам дух на освојување. Франција ќе биде посилна, бидејќи ќе направиме добар резултат.

На Макрон и неговото мнозинство им остануваат четири дена да го убедат мнозинството на Французите.

Треба да знаете
Последни објави