Search

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за нов договор за брегзит.

На своето прво патување во странство по стапувањето на премиерската должност пред еден месец, Џонсон ги предупреди германската канцеларка Ангела Меркел и Макрон дека на 31 октомври ќе се соочат со тврд брегзит, без договор, доколку ЕУ не се согласи на нова спогодба.

Судбината на Велика Британија лежи само во рацете на Џонсон, рече Макрон, додавајќи дека иако излегувањето без договор не е пожелно сценарио за ЕУ, блокот е подготвен и за таква можност.

„Сакам да бидам многу прецизен: во месеците што следат нема да најдеме нов договор за повлекување кој значително би отстапувал од оригиналниот“, рече францускиот лидер во дворот на Елисејската палата, стоејќи веднаш покрај Џонсон.

Но, тој додаде: „Никој нема да чека до 31 октомври без да се потруди да најде добро решение“.

Во својот говор францускиот претседател јасно стави до знаење дека нема да попушти. Според „Ројтерс“, Макрон исто така додал дека Велика Британија ќе стане „помлад партнер на САД“.

„Но може ли трошокот за тврд брегзит, каде главна жртва ќе биде Велика Британија, да го исплатат САД? Не“, подвлекол Макрон, додавајќи дека целата ситуација може да доведе до историска „вазализација“ на Британија.

Треба да знаете
Последни објави