Search

Макрон: Вакцината не смее да се третира според законите на пазарот

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика извршниот директор на фармацевтскиот гигант „Санофи” да се сретнат следната недела, откако компанијата посочи дека американскиот пазар ќе има приоритет за неговата вакцина против Ковид-19.

Макрон во соопштение посочи дека секоја вакцина против коронавирусот мора да се третира како јавно добро и не смее да биде предмет на пазарни закони.

Според Си-Ен-Ен, компанијата со седиште во Париз ги разјаснила своите претходни наводи, најавувајќи дека ќе работи и со европските влади со цел што поскоро да се почне со производство на вакцината.

Треба да знаете
Последни објави