Search

Макрон: Британците не беа свесни колку е комплициран Брегзит

Францускиот претседател Емануел Макрон инсистира дека на Британците ќе им биде дозволено да ја преиначат одлуката за Брегзит и продолжи да ги напаѓа „лагите“ на евроскептиците во референдумот.

Макрон влезе уште подлабоко во психологијата на британската политика и рече дека британските гласачи не биле свесни дека напуштањето на ЕУ ќе биде толку комплицирано.

Премиерката Тереза Меј пак, добива предлози од нејзиниот Кабинет да размисли за трговски договор со ЕУ во стилот на Канада, ако нејзиниот предлог пропадне.

Во меѓувреме, Џереми Корбин даде ултиматум – лабуристите ќе се спротистават на секој договор што нема да вклучува царинска унија, нешто што претставува црвена линија за Меј.

Треба да знаете
Последни објави