Search

Македонци лекуваат рак на бели дробови на Институтот во Сремска Каменица

Недостиг на современа опрема за дијагностика и немање на иновативни лекови се најголем проблем на македонското здравство, посебно кога се пулмолошките болести во прашање. Исто така недостасува и доволно стручен кадар, па лекарите се преоптоварени со пациенти. Се почесто болните од карцином на бели дробови за дијагностика и второ мислење одат на Институтот во Сремска Каменица, на Клиниката за пулмолошка онкологија. Токму тоа беше и повод за разговор со Управникот на клиниката пр.др.Горан Стојановиќ кој 24 инфо го водеше во Нови Сад. Управникот кој во исто време е и началникот на Центарот за бронхологија вели дека веќе долго време со колегите од Македоније имаа прекрасна соработка. Могу често е наш гостин доаѓа на сите состаноци на кои е поканет. Вели дека Македонците се одлични домаќини, срдечни луѓе и имаат душа.

Вашиот Институт во Сремска Каменица е познат како пионер на цел Балкан во многу методи на лечење на карциноми на бели дробови. На што работите во моментов?

-Познато е дека во нашиот институт се спроведуват најнови дијагностички и терапијски процедури. Единствени сме во нашата земја но и во регионот кои имаат затворен круг од дијагностика до терапија кај карцином на бели дробови. Она што е ново е дека од пред две години под нашиот покрив се спроведуваат и радиотераписки процедури, во градна хирургија ВАТС техника, баријатрик хирургија или хирургија на гајазни, а во центарот за бронхологија се прават сите интервентни процедури како и ендолуминална брахитерапија. А она што е ново во терапијата кај карцином на бели дробови се молекуларнните тестирања на туморскиот материјал и примена на таргет биолошка терапија како и имунолошка терапија.

Се лечи ли карцином на бели дробови и кои методи ви се покажаа како најдобри?

– Клиниката за белодробна онкологија на нашиот Института е водечка установа за лекување на малигни болести на градниот кош што подразбира лекување и дијагностика не само на карцином на бели дробови туку и на белодробната марамица,  тимусот и лимфните жлезди во грудниот кош. Најдобриот начин на лечење на карцином на бели дробови е хируршко лекување. Кога се зборува за лечење на карцином мора да постои мултимодален пристап во лекувањето. Ако пак не постои можност за хируршко лекување најчесто се спроведува комбинирано лекувањето- хемиорадиотерапија. Најновите видови лечења се билошка и имунолошка терапија.Тие во последно време покажуваат одлични резултати и долгогодишно преживување кај напредна фаза на карцином на бели дробови.

Користите и имунолошка терапија за лечење? Кај колку пациенти и какви се резултатите?

– Имунолошката терапија е нова терапија и последните неколику години стекнувавме знаење и искуство прво низ клинички студии. Од 2018 благодарение на донација за 20 пациенти од страна на фармацевската компанија МСД, започнавме со лекување на првите пациенти со имунолошка терапија. Нашите искуства се одлични и пациентите на оваа терапија се добро, имаат малку непожелни дејстава на терапијата и преживувањето е многу подолго. Морам да напоменам дека оваа терепија се применува кај пациенти со метастази и со напредна фаза на карцином на бели дробови.

Кој е најмладиот пациент кај кој сте дијагностицирале карцином, а кој е најстариот?

– Најмладиот пациент е пациент со 28 години. Среќна околност е тоа што има многу мал број на пациенти со карином на бели дробови кои се помлади од 40 години. Најстариот имаше 88 години.

Имало ли случај за кој сте мислеле дека е безнадежен, но сепак успешно завршил и човекот продолжил со квалитетен живот?

-Секако. Со оглед на тоа дека сум и бронхолог и се занимавам со интервентна бронхологија големо е задоволството кога ќе му овозможите на еден човек повторно да диши и квалитетно да живее. Со примена на новите модели на лекување го продолжувате животот. Но многу е побитно да му го подобрите квалитетот на животот на предвреме отпишаните пациенти. Се сеќавам на еден пациент кој со денови спиел седејќи бидејќи не можел да легне поради чувство на гушење. Карциномот му ги затворил главните дишни патишта- душник(трахеја).Откако ставивме стент во душникот беше пресреќен кога можеше првата ноќ да ја помине во кревет наместо на столица. Со ова му овозможив да се применат и други модалитети на лекување (хемио и радиотерапија) во терапијата на карцином на душник и бронхии.

 

Имате ли пациенти од Македонија и дали се зголемува нивниот број во последниве години?

– Има доста пациенти од Македонија кои ме контактираат за совет преку емаил. Последните две години имав и десетина пацијенти кои доаѓаа во главно на дијагностика и интервентна процедура, но и на второ мислење и евентуално предлог терапија која подоцна ја спроведуваа во Македонија. Некои од нив кои имаа роднини во Србија се лечени и кај нас. Морам да напоменем дека имаме убава соработка со Вашите лекари и често сме во контакт и разменуваме искуства во нашата област.

Што покажува статистиката на ниво на Балкан, која држава има најголема прогресија на заболени од рак на бели дробови и на што се должи тоа?

Онa што е карактеристично за нашиот регион, регионот на Балкан и југоисточна Европа е пораст на малигни болести, а нарочито карцином на бели дробови. Според мене главна причина на прво место е пушењето кој е главен ризик фактор за појава на карцином на бели дробови. И сами сме сведоци дека и во вашата и нашата земја пушењето е друштвен тренд кој не е протеран од јавниот живот. Границата кога се почнува со пушење е се пониска и се повеќе жени се пушачи. Последица од тоа е дека просечната старост на заболени од карцином се смали на 61 година. . Во исто време односот на заболени мажи –жени сега е 3:1, а пред извесно време беше 6:1. Во сите земји во светот каде е забрането пушењето драстично е намалено заболувањето од карцином на бели дробови.

Исто така мора да се напомене дека во нашиот регион имаше воени дејства, бомбардирања со осиромашен ураниум. Нашата индустрија не се грижи за загадувањето на воздухот, земјиштето и средината во која живееме. Сето ова влијае на развојот на малигни болести и на зголемување на нивниот број. Брзото темпо на живот, здравствената некултура и неукост доведува до тоа да човекот сам не се грижи за своето здравје. Ова пак доведува до тоа да пациентите прв пат одат на лекар кога карциномот е веќе во напредна фаза.

Има ли случаи на заболен од рак кој никогаш не бил пушач?

– Веќе напомнав дека пушењето е главен ризик фактор за појава на карцином на бели дробови. Во последната студија која ја работев 95% од заболените од карцином на бели дробови беа пушачи. Секако дека има и заболени непушачи но нивниот број е многу мал.

Планови за иднина професионални и приватни?

-Идните професионални планови ми се врзани со тоа да се избориме во Србија за имунолошка и други иновативни терапии кои нашите пациенти ќе ги добиваат преку фондот за здравствено осигурување. Исто така се надевам дека на сите наши пациенти ќе им ги понудиме сите модели на лечење како што ги нудат моите колеги во развиените европски држави. Приватно да ме служи здравјето како мене така и моето семејство, мојата фамилија и пријателите и да имам повеќе време за дружење и патувања.

Соработувате ли со вашите колеги пулмолози и онколози од Македонија и на кое ниво е лечењето на карциноми кај нас? 

Веќе долго време со колегите од Македоније имам прекрасна соработка. Она што е проблем во Македонија е недостаток на савремена опрема за дијагностика.Исто така нема иновативни лекови, има недостиг на стручен и обучен кадар, така што моите колеги се преоптеретени. Лекарите се недоволно стимулирани за својата работаасо самот тоа не се заинтересирани за едукација и воведување на нови методи и техники. Но јас секогаш сакам да бидам Ваш гостин, многу често се одзивам на сите состаноци бидејќи вие сте одлични домаќини, срдечни луѓе и имате душа.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави