Search

Македонското политолошко друштво и УКИМ утре ќе потпишат меморандум за соработка

Ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ и Македонското политолошко друштво утре во универзитетскот кампус се организатори на академската дебата на тема „Влијанието на ЕУ изборите врз процесот на интеграции на Западен Балкан со посебен осврт на Република Северна Македонија“.

Пред оддржување на дебатата од страна на Ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“-Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски и Претседателот на Македонското политолошко друштво доц. д-р Марјан Ѓуровски ќе биде потпишан Меморандум за унапредување на заедничката соработка во функција на развивање на активности.

Се воспоставува стручна, едукативна, научна и истражувачка соработка меѓу УКИМ и МПД во функција на потикнување на едукативна и научно-истражувачка работа во научните, стручните и наставните области од обостран заемен интерес и теми кои произлегуваат од современите политолошки прашања и други предизвици. Целта е да се развијат поефективни, емпириски, теренски базирани стратегии и истражувачки проекти и др.

Имајќи ги во предвид резултатите од изборите за Европскиот Парламент, целта на утрешната академска дискусија е да се покрене дебата за влијанието на новиот состав во Европскиот Парламент врз процесот на зачленување на Република Северна Македонија и регионот во ЕУ.

Воведничар на утрешната дискусија ќе биде Амбасадорот на Република Франција Н.Е. Кристијан Тимоние, а свои излагања ќе имаат: проф. д-р Иван Дамјановски од Правен факултет-Скопје, проф. д-р Никола Дујовски од Факултет за безбедност-Скопје, проф. д-р Горан Илиќ од Правен факултет-Кичево, проф. д-р Ило Трајковски од Филозофскиот факултет, проф. д-р Ирена Кикеркова од Економски факултет-Скопје, м-р Драган Тилев од Секретаријат за европски прашања при Владата на РСМ, проф. д-р Ветон Љатифи од Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Даниела Мамучевска од Економски факултет-Скопје и проф. д-р Ризван Сулејмани од Универзитетот „Мајка Тереза„-Скопје.

Треба да знаете
Последни објави