Search

Македонското здравство има капацитет и успешно се справува со коронавирусот, одговорноста е заедничка

Прес-конференција, Снежана Калеска Ванчевакоординаторка на Форум на Жени на СДСМ

 Македонското здравство има капацитет и успешно се справува со вирусот Ковид 19 и во услови кога има покачување на бројот на новозаразени. Здравствените установи не се оптоварени, капацитетите се празни, а голем дел од новозаразените се или без симптоми или се со благи симптоми и се на домашно лекување, појава што ја има и во други земји.
Но сепак, останува заедничката одговорност да се заштитиме од коронавирусот. Изборот е јасен –  или ќе ги почитуваме мерките за заштита или ќе мора повторно да се враќаме на рестриктивни мерки, како што е карантинот или полицискиот час.

Затоа е неопходно сите заедно, безусловно да ги почитуваме мерките за заштита. Да носиме маска секогаш кога е тоа потребно, да држиме физичка дистанца и да не се групираме. Само на тој начин ќе се заштитиме од вирусот, бројот на новозаразени ќе опаѓа, исто како што опаѓаше кога сите се однесуваа одговорно и доследно ги почитуваа мерките. Сите овие поголеми бројки,  на кои сведочиме деновиве, се директна последица на неколку фактори. Прво од неработењето и саботирањето на мерките од страна на Наќе Чулев. Наместо да преземе одговорност да се спроведуваат мерките и задолженијата Чулев јавно порача  дека нема да казнува и со тоа поттикна масовно кршење на мерките.

Целата јавност ги гледаше масовните прекршувања на забраните за собири и движења и бројните прекршувања на полицискиот час, само Чулев ги игнорираше и свесно не преземаше ништо.
Со тоа тој свесно го загрози јавното здравје и придонесе да имаме вакви бројки.
Второ, како што објави Министерството за здравство, тековните тестирања се таргетирани во познати кластери и затоа бројките се поголеми. Тоа значи дека се тестира во точно утвдени фамилии и населби и дека здравствениот систем добро знае што прави.
Она што е добро е што кластерите се семејни и дека тие кластери се под контрола.
Сите ние треба да знаеме дека нови случаи ќе има и понатаму, и сега, и среде лето, и на есен, но важно е тие да бидат што помалку, за да не се оптовари здравствениот систем.
Како одговорни граѓани треба да дадеме сериозен придонес во личната и колективна заштита од вирусот. Само така ќе го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите блиски и побрзо ќе ја надминеме оваа состојба.

 

Треба да знаете
Последни објави