Search

Македонски концепт: Социјална правда и обештетување на граѓаните оштетени во транзицијата

Предизборниот караван на Македонски концепт денеска ги посети градовите Велес и Штип од Изборната единица 3.

За граѓаните на Велес изјава дадоа Петар Богојески, носител во изборната единица 1 и кандидатот за пратеник во третата изборна единица Елизабета Костова Бочварова. Пред велешани Богојески истакна што е приоритетно за градот и што е потребно за граѓаните на Велес.

“Прво што ќе понудиме на граѓаните на Велес е слобода како форма на живот, за Велес и цела Македонија, а второ е спокој, односно извесна иднина за граѓаните. Денес никој нема извесна иднина и не знае што се случува, законите се менуваат секој ден, ни граѓаните и бизнисмени не знаат што се случува. Не се знае што ќе се случи со работните места, или што следи утре. Трето е солидарно поведение каде е проектот за обештетување на граѓаните. Сите граѓани кои се жртви на транзицијата, од сите влади и политичари во изминативе 30 години, да бидат обештетени од буџетот на државата со околу 300 милиони евра годишно или 1,5 милијарда евра за следните 5 години почнувајќи од 2021 година. Овој проект ќе донесе социјална правда и правичност, проект што мора да се реализирани за да имаме барем минимална правда за граѓаните наспроти оние мал број индивидуалци што го приватизираа и ограбија целиот општествен капитал во минатото, а голем број семејства настрадаа во тој процес. Овој проект е многу корисен и важен за целата држава а посебно за Велес како град со многу стечајци”, изјави Петар Богојески.

Пред велешани приоритетите на Македонски концепт ги изнесе и Елизабета Костова Бочварова, кандидатот за пратеник со реден број 2 од изборната единица 3.

“Особено внимание во Велес треба да се обрати на заштита на животната средина а Велес се соочува со многу проблеми поврзани со животната средина. Голем проблем е жгурата позади Топилницата, која што треба да се дислоцира, како и потокот во близина на пазарот. Ќе се залагаме за што повеќе зелени површини и оплеменување на Езерото Младост после ланската катастрофа. Со еден збор ќе направиме се за нормална држава”, потенцираше Костова Бочварова.

Во Штип карванот на Македонски концепт беше пречекан од граѓаните каде проф. Војо Беловски, кандидат за пратеник во ИЕ 3, истакна, “Убедени сме во нашата идеја и со чиста совест, продолжуваме напред, на избирачите им понудиме антимафијашка и нормална опција! Никогаш нема да прифатиме да бидеме во мафијашки раце и да бидеме неми актери на политичката сцена! Само со искреност и посветеност, со чесност и интегритет, заеднички ќе се избориме ЗА НОРМАЛНА ДРЖАВА! Доста беше. Време е за алтернативи, народот е заситен од исти нестручни и нечесни фаци. Триесет години народот живее во апатија, депресија, да не кажам потежок збор – на граница на агонија.”

„Поддршката за бројот 10 на избирачкото ливче е последна шанса да смениме нешто во оваа наша држава”, им порача Богојески на граѓаните на Велес и Штип.

Треба да знаете
Последни објави