Search

Македонските фудбалери денеска против Украина во евроквалификациите

Македонската фудбалска федерација денеска против Украина на неутрален терен во Прага ги продолжува евроквалификациите со амбиции со втора победа во серија да ги задржи шансите за пласман на ЕУРО 2024.

Натпреварот е закажан со почеток во 15 часот на „Епет Арена“ во Прага на која „црвено – жолтите“ ќе имаат поддршка од најмалку 1.000 македонските навивачи на трибините.

Селекторот Благоја Милевски и капитенот Енис Барди на вчерашната официјална прес – конференција истакнаа дека Украина е квалитетен противник, но оти денешниот дуел ќе биде различен од јунската пресметка во Скопје (2-3) во која македонската репрезентација испушти водство од два гола на полувремето.

„Доаѓаме во фаза двете селекции да се борат за втората позиција и само победа би ни одговарала. Очекувам отворен натпревар и допадлив фудбал. Мора да бидеме фокусирани за време на сите 90 минути, а не само 60-65 минути како што беше во Скопје. Имаме измени во тимовите од јуни, од тој аспект очекуваме да постои разлика од јунскиот дуел“, изјави Милевски.

Македонските фудбалери се на четвртото место во групата Ц со седум бодови, колку што имаат и Украина на третото и Италија на второто место. Лидер на табелата е Англија со 13 бодови, додека Малта е последно пласирана без бодови. 

Треба да знаете
Последни објави