Search

Македонските кошаркари на дуел со Италија во првиот меч од ноемвриските квалификации

Македонската кошаркарска репрезентација попладнево од 15 часот во Талин се среќава со Италија во натпревар од ноемврискиот прозорец во квалификациите за Европското првенство.

– Нè чека првиот меч во овој циклус од квалификациите. Противник ни е селекцијата на Италија, исто така со доста променет состав. Иако не играат во најсилен состав, никако не смееме да мислиме дека Италијанците немаат квалитет. Напротив, најголем дел од нивните играчи играат во италијанската ЛЕГА А, што значи дека пред нас имаме противник за полн респект. Но и екипа со која можеме да пробаме да извадиме поволен резултат, смета плејмејкерот Андреј Магдевски.

Италија без оглед на резултатот ќе биде дел од следниот Евробаскет, се квалификува како домаќин. За другото место од групата кое носи пласман на ЕП се борат Македонија и Естонија.

Треба да знаете
Последни објави