Search

Македонска ракометна репрезентативка позитивна на коронавирусот

Македонската ракометна репрезентативка Елена Ливриниќ е првиот случај во спортот на Бузау со позитивен тест на коронавирус. Во понеделникот пред почетокот на подготовките за новата сезона во Романија направени се тестови на сите ракометарки, по што нашата репрезентативка е позитивна и уште една ракометарка на Крајова, пренесуваат романските медиуми.

Македонската ракометарка Елена Ливриниќ летово направи трансфер во Глорија Бузау од Рапид Букурешт.

Клубот донесе одлука таа да остане дома во изолација, а истото ќе го направат уште нејзината цимерка Патрисија Морару и две лица одговорни за масажа кои беа во контакт со македонската ракометарка.

Претходно во кариерата ги бранеше уште боите на Данубиус Галаци и ЖРК Металург.

Треба да знаете
Последни објави