Search

Македонската компанија BtoBet меѓу најдобрите во светот

Компанијата BtoBet, која многу бргу стана еден од светските лидери и провајдери на технологии за казино и спортско обложување, се присоедини кон Aspire Global, компанија што котира на шведската берза, склучувајќи зделка вредна 20 милиони евра. Со аквизацијата двете компании ќе дејствуваат на меѓународните пазари преку платформата за спортско обложување создадена од „БтоБет“ ДООЕЛ Скопје.

За оваа групација се отвораат многу нови можности како во Европа така и во Северна Амeрика, а BtoBet ќе го задржи своето место како лидер вo Африка и Латинска Америка.

Центарот за технолошки развој на BtoBet е со седиште во Македонија, а комплетната технолошка иновација на компанијата се реализирала во Скопје, Битола и во Охрид преку тим на експерти за информатичка и комуникациска технологија. Тимот содржи експерти од повеќе области и брои повеќе од 70 високообучени професионалци. Како главен продукт на компанијата се смета платформата Neuron, која ги задоволува растечките барања на спортските обложувачници и на онлајн-казината во светот.

„Напредната технологија, која е темел на оваа платформа, им овозможува на клиентите на BtоBet технолошка флексибилност и скалабилност, можност да работат малопродажба, како и онлајн-активности преку десктоп-компјутер или мобилен“, велат од BtoBet.

Македонскатата компанија, зад која стои Игор Лештар и која на почетокот беше составен дел на ИТ-гигантот „Сеавус“, за само пет години се позиционира меѓу топ-10 провајдери за технологии за казино и спортско обложување во светот.

BtoBet почна со работа во 2014 година и многу бргу постигна огромен успех, со што докажа дека македонски претприемачи, македонски развивачи и македонска инвестиција може рамноправно да стојат рамо до рамо со најголемите светски играчи од оваа индустрија.

Треба да знаете
Последни објави