Search

„Македонија2025″ ќе го презентира индексот на бирократија за Северна Македонија

Организацијата „Македонија2025″ по повод Меѓународниот ден за борба против бирократијата денеска ќе го презентира Индексот на бирократија за Северна Македонија, кој е дел од проектот „Кон намалување на бирократскиот товар”. 

На настанот најавени се обраќања на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, извршната директорка на „Македонија2025″ Никица Мојскоска Блажевски и на аналитичарот Сашо Клековски.

– Покрај објавувањето на резултатите за Индексот на бирократија (истражувачки период јануари-декември 2020 година) и компаративниот преглед за Македонија во однос на останатите земји од ЕУ (каде е спроведено истражувањето), ќе се обидеме да дадеме прогноза/укажеме на области и потребно време на бирократски товар кои дополнително би ги оптеретиле македонските бизниси во 2021 година, велат организаторите.

Треба да знаете
Последни објави