Search

Македонија ќе игра еден бараж за пласман на ракометниот Мундијал во 2021 година

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска објави како селекциите од стариот континет ќе ги пополната местата кои им следуваат на Светското првенство 2021. Македонија нема да биде меѓу слекциите кои ќе треба да играат два бараж натпревари за да бидат дел од Мундијалот која ќе се одржи во Египет.

Извршната комисија при ЕХФ соопшти дека во првиот априлски бараж ќе се играат четири натпреаври, а таму ќе се најдат четирите селекции кои играа квалификации: Романија, Литванија, Израел и Турција и четирите последнопласирани селекции на ЕП-2020: Летонија, БиХ, Русија и Полска.
Победниците од априлските бараж натпрераври ќе им се приклучат на останатите селекции кои преку Европското првенство нема да се квалификуваат на СП. Меѓу ове селекции кои нема да обезбедат пласман на СП преку континенталниот собир ќе биде и Македонија, која ЕП-2020 го заврши како 15. пласирана од 24 репрезентации кои стартуваа на завршницата.
Треба да знаете
Последни објави