Search

Македонија од четвртиот рејтинг-барабан ќе ја чека ждрепката за квалификациите од СП-2022

Македонија ждрепката за составот на квалификациската група за Светското фудбалско првенство во Катар-2022 ќе ја дочека во четвртиот рејтинг барабан. Македонската репрезентација е во рејтинг-групата со селекциите на Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург кои нема да и бидат противници во квалификациите.

Вака одлучи ФИФА, кој европските селекции ги подели во шест рејтинг барабани за составот на квалифиакциските групи пред ждрепката која е закажана за 7 декември.

Барабан 1: Белгија, Франција, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Данска, Хрватска, Германија, Холандија.

Барабан  2: Швајцарија, Полска, Шведска, Велс, Австрија, Украина, Турција, Србија, Словачка, Романија.

Барабан 3: Русија, Република Ирска, Норвешка, Унгарија, Чешка, Шкотска, Исланд, Северна Ирска, Финска, Грција.

Барабан  5: Ерменија, Кипар, Фарски Острови, Азербејџан, Естонија, Косово, Казахстан, Литванија, Летонија, Андора.

Барабан 6: Молдавија, Малта, Лихтенхштајн, Гибралтар, Сан Марино.

Треба да знаете
Последни објави