Search

Македонија во ковид-статистиката за Балканот со најмногу инфицирани

Македонија е прворангирана на листата со бројот на ново инфицирани случаи од коронавирусот на Балканот. Во претходното деноноќие земјава регистрираше 76 нови случаи што е далеку најмногу во регионот. Србија дијагностицирала 24 нови случаи, Албанија 21, додека соседите на исток и југ, Бугарија и Грција по 19. Босна и Херцеговина има 11 нови случаи, а две нови лица ја дополнуваат статистиката во Словенија. Хрватска нема нови случаи вчера исто како и Црна Гора која веќе се води како надвор од пандемијата.
Според истражувањето на Универзитетот Колумбија во Њујорк земјава за помош на економијата одвоила само 1,2% од бруто домашниот производ. Најмногу за помош на економијата во регионот одвоила Словенија, 19,7% од БДП, по што следи Хрватска со 9,3%, Србија со 6,5, Босна и Херцеговина 3,6%, Албанија со 2,8, Косово со 2,5% и Црна Гора со 1,7% од БДП.
Во светски рамки на прво место е Јапонија која за помош на економијата погодена од ковид19 одвоила над една петтина од БДП или поточно 21,1%.
Во апсолутни бројки на врвот се САД со издвоени 2700 милијарди долари што е 13% од БДП.

Треба да знаете
Последни објави