Search

Маж уапсен за перење на пари, парите пронајдени во машина за перењe

Холандската полиција приведе маж осомничен за перење на пари. Полицијата во неговиот дом пронашла 350.000 евра, скриени во машина за перење.

Во соопштението на полицијата се наведува дека полициските службеници ги пронашле парите за време на претрес во домот на осомничениот во Амстердам, пренесе „АП“.

На лице место биле пронајдени и машина за броење на пари, пиштол и неколку мобилни телефони.

Поради правилата за заштита на приватноста, идентитетот на 24-годишниот осомничен не е соопштен, наведе новинската агенција.

Треба да знаете
Последни објави