Search

Маж кој возел електричен тротинет загина во близина на Париз

Маж кој возел електричен тротинет на автопат во близина на Париз бил удрен од моторциклист, по што починал во петокот вечерта, соопштија пожарникарите.

30-годишниот маж, кој не носел кацига, бил удред од моторцикл кој возел зад него, кусо време по полноќ додека се возел на автопатот А86 југо-западно од Париз, изјавил командант на противпожарната служба во Ивелинес.

Не е познато зошто човекот влегол вна автопатот, каде тротинетите се забранети.

Жртвата починала веднаш откако болничарите пристигнале додека, мотоциклистот бил во несвест и однесен во болница.

Инцидентот се случил неколку месеци откако 25-годишен маж на електричен тротинет загина во исто така во Париз. Во април, пешак беше убиен откако беше удрен од електричен тротинет во централна Франција.

Треба да знаете
Последни објави