Search

Маж и жена пронајдени без свест во близина на местото каде што беше отруен Скрипал

Недалеку од местото каде што беше отруен поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка, две лица се најдени без свест и во критична состојба поради изложеност на непозната супстанца.

„Лицата се пренесени во болница во Солзбери и моментно добиваат терапија по изложеноста на непозната супстанца“, соопшти локалната полиција.

Имињата на затруените не се соопштени. Познато е само дека станува збор за маж и жена на возраст од околу 40 години. Тие биле пронајдени без свест во саботата пред куќа во Амсбери, на околу десет километри од Солзбери каде на 4 март Скрипал и неговата ќерка Јулија беа пронајдени без свест по обидот за нивно труење со нервен агенс. Тие со недели беа во критична состојба.

Лондон тогаш ја обвини Москва дека стои зад нападот. Русија остро ги отфрли обвинувањата, а овој инцидент предизвика криза меѓу Лондон и британските сојузници од една страна и Русија од друга страна.

Треба да знаете
Последни објави