Search

Мажите, сепак, не се како зајаците- им треба пауза меѓу оргазмите

Иако порно филмовите ги прикажуваат мажите како “зајаци” полни со енергија кои можат да се сексаат без престанок, состојбата во реалниот живот е многу поинаква, односно пореална. Дури и на младите им треба малку да се одморат пред да се вратат во акција.

– Времето помеѓу оргазмите може да трае неколку минути до неколку часа, вели американскиот уролог Џамин Брамбхат.

По сексуалниот однос, пенисот станува млитав и тоа поради нервните сигнали кои му налагаат на телото дека му треба одмор, особено на оној дел од телото кој најмногу работел. По оргазмот нивото на допамин и тестостерон кај мажот се намалува, додека нивоата на серотонин, окситоцин и пролактин се зголемуваат што води кон поспаност.

Жените по сексот имаат потреба за нежност, галење и разговор, а мажите имаат потреба од спиење. Тоа е сосема природна хемиска реакција.

– Ако нивоата на пролактин се пониски, времето потребно за одмор кај мажот ќе биде пократко, велат сексуалните експерти.

Други променливи ги вклучуваат стресот и нивото на енергија, возбуда како и употреба на лекови и алкохол, вклучително и антидепресиви и други лекови на рецепт кои можат да ја попречат сексуалната желба. Времето за обновување исто така зависи и од здравјето и возраста.

Општо земено, на мажите во нивните дваесетти честопати имаат потреба од само неколку минути да доживеат повторно оргазам, а на мажите во триесеттите и четириесеттите им требаат 30 минути до еден час. На некои од факторите не може да се влијае, но напаленоста, велат експертите, може многу да го скрати времето на одмор и мажот е подготвен за уште акција.

Независно од се, експертите ги советуваат мажите да јадат колку што е можно поздраво и редовно да вежбаат. Здравото тело, всушност, ќе се рестартира многу побрзо.

Треба да знаете
Последни објави