Search

Мадс Микелсен ќе го замени Џони Деп во новиот „Фантастични ѕверки“

Данскиот актер Мадс Микелсен е избран да го замени Џони Деп во претстојниот трет филм во серијалот „Фантастични sверки“, соопшти во средата „Ворнер Брос“.

Микелсен (55), кој е познат по улогата на сериски убиец Ханибал Лектор во американската телевизиска серија „Ханибал“, ќе го игра злобниот волшебник Гелерт Гринделвалд во спиноф филмот на авторката на Хари Потер, K.К. Роулинг.

Деп беше принуден да ја напушти улогата на почетокот на овој месец откако изгуби случај за клевета во Велика Британија против весникот „Сан“ во врска со статија за наводно семејно насилство.

Деп, кој претходно започна со продукцијата на третиот филм „Фантастични sверки“ во Лондон, откри  дека од „Ворнер“ побарале од него да замине.

Треба да знаете
Последни објави