Search

Лурдес Леон во „Барбери“ мини фустан на лондонската модна недела

Најстарата ќерка на Мадона, Лурдес Лола Леон во понеделникот вечерта присуствуваше на забава во лондонски The Standard, а настанот го организираше списанието LOVE во рамки на Модната недела во англиската престолнина (London Fashion Week).

Ќерката на поп-кралицата беше фотографирана додека се враќаше во хотелот по забавата.

Претходно во текот на денот, Лурдес присуствуваше на презентацијата на британскиот бренд AW2. А за таа пригода, на себе имаше мини-фустан на „Барбери“, шешир од истиот бренд и ѓердан со изгравирана плочка со име Лолита.

Исто како и славната 61-годишна мајка, Лурдес студираше на Факултетот за музика, театар и танц на Универзитетот во Мичиген од 2014-2018 година.

Треба да знаете
Последни објави