Search

Лукаревска:Избори затоа што ни се потребни активно Собрание и функционални институции за да ја спроведат новата развојна македонска економија

Денеска уште еднаш констатиравме дека сите мораме да преземеме одговорни чекори, и како граѓани и како политички субјетки, за државата, институциите и политичкиот систем ги извадиме од оваа крајно комплицирана состојба.
Ние, за жал во овој момент немаме активно Собрание – Домот на граѓаните, Народниот парламент, клучниот демократски механизам, во моментов не постои и нема начин да се врати во функција, освен преку избор на пратеници.
На нашата парламентарна демократија, на нашата економија, но пред се на јавното здравје, и на сите наши граѓани, на сите, ни е потребно ново активно Собрание. За да можат да се носат сите неопходни одлуки за менаџирање на здравствената и економската криза.
5 јули е датумот кога ќе се случат изборите, тоа се 22 дена по завршување на вонредната состојба, согласно законот.
Ние немаме право и не смееме да ги ставиме граѓаните во позиција да бираат дали ќе одат на одмор или ќе одлучуваат на избори и затоа изборите треба да се случат веднаш, согласно законските рокови.
Никој од нас, ниту институција, ниту партија, не смее да си дозволи да ги става во конфликт правото на глас и правото на одмор – на ниту еден граѓанин не смее да му се става под знак прашалник годишниот одмор и да му се загрозува заради некакви идеи за избори среде лето.
И обратно, на ниту еден граѓанин не смее да му биде загрозено правото на избор и правото на демократски глас, заради неразумните идеи за избори да се организираат среде лето, кога најголем дел од граѓаните одат на одмор.
Затоа, според законските прописи изборите треба да се одржат на 5 јули.
Државата и институциите покажаа капацитет за справување со последиците од коронавирусот и се подготвени да огранизираат изборен процес со максимална заштита на сите учесници во него.
На 5 јули граѓаните согласно сите мерки за заштита ќе го искористат своето право на глас и ќе обезбедат целосно функционални и легитимни институции.
Само целосно функционални институции, со завршени избори позади нас, можат да ја спроведат новата развојна македонска економија.
Фукционални институции, за нова македонска економија, се неопходни за поттикнување на приватната потрошувачка на граѓаните, за да може повеќе да се троши, за подобро да се живее и повеќе да се работи.
-За заштита на постоeчките, и креирање на нови работни места, особено во секторите кои ќе ја употребат дигитализацијата
· За зголемена конкурентност на нашите компании на домашно, регионално и глобално ниво
· За интервентно активирање на домашниот туризам
– За промоција на нови земјоделски култури и поддршка на земјоделците за уште поголем квалитет и обем на домашно производство
·За развој на економските дејности со воведување ИТ и онлајн активности и алатки
·За стимулирање и зголемување на безготовинските и онлајн плаќања, како инструмент за сузбивање на сива економија
Еве го планот за нова развојна економија. Време е да ги завршиме изборите, да ги оставиме зад нас и да продолжиме напред со полн капацитет да ја развиваме нашата економијата и да го штитиме здравјето на граѓаните.
Треба да знаете
Последни објави