Search

Луд натпревар на Ноу Камп, „Бетис“ ја шокираше „Барселона“

Фудбалерите на „Бетис“ ја изненадија „Барселона“ на Ноу Камп со 3:4 во фантастичен натпревар во кој Каталонците се обидоа да направат пресврт, но гостите веднаш им возвратија.

Првиот гол „Бетис“ го постигна во 20. минута преку Жуниор,  а 14 минути подоцна водството го зголеми Жоакин. Надежите на домаќините ги подгреа Меси, кој погоди од пенал во 68 минута, откако беше соборен Алба, кој влезе во пеналтикот откако му асистираше Аргентинецот.

Радоста на Каталонците траеше кратко, па само три минути Ло Челсо биеше кон голот, а Тер Штеген лошо ја одби топката која преку рацете се отркала во голот. „Барселона“ пак нападна со сета сила, па Видал во 79 минута изедначи. Агресивната игра на домаќините резултираше со вториот жолт картон за Ракитиќ, па Хрватот беше исклучен во 82 минута. Кањалес не дозволи пресврт и две минути подоцна погоди за 4:2. Упорните домаќини преку вториот гол на Меси во судиското продолжние го постави конечниот резултат.

Ова беше прв пат по 2003 година „Барселона“ да прими четири гола на Ноу Камп, а тогаш од „Депортиво“.

„Барселона“ по 12 кола е лидер на табелата со 24 бода, пред „Атлетико Мадрид“ и „Депортиво“ со еден бод помалку. Конкурент за првото мсто е „Еспањол“ кој има натпревар помалку, и три бода негатива, но со победа ќе се изедначи со градскиот ривал.

Треба да знаете
Последни објави