Search

Лошиот шеф е штетен по здравјето

Околу 400.000 американски работници од сите профили биле опфатени во истражувањето со наслов „Довербата на работното место и ризикот од кардиоваскуларни заболувања”. Резултатите потврдуваат „ако имате неподнослив шеф, имате и поголеми шанси за срцев удар”.

Можеби поедноставено е толкувањето на трудот објавен во Меѓународниот дневник за истражување на животната средина и здравјето, од Швајцарија, кое посочува дека лошата работа е поврзана со срцевите заболувања.

Најчести причинители за проблемите со срцето се цигарите, нездравата исхрана, алкохолот, но и стресот и психичкото малтретирање.

Па така, луѓето кои не му веруваат на својот шеф имаат поголема веројатност да посегнат кон цигарите и се поизложени на опасност од висок крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта. Под недостаток на доверба во деловниот однос се подразбира состојба во која „не може да има взаемно разбирање, искреност и почит меѓу претпоставениот и подредениот”, се вели во написот.

Значи, ако имате шеф кој не ве почитува, се изложувате на ризик од кардиоваскуларни болести, кои се најчеста причина за смрт во светот.

Треба да знаете
Последни објави