Search

Лихтштајнер стави крај на кариерата

Швајцарскиот фудбалер, Стефан Лихтштајнер (36) објави дека ја завршил својата играчка кариера.

Лихтштајнер одигра 108 натпревари за репрезентацијата на Швајцарија и е на третото место на листата по бројот на настапи, зад Ханц Херман и Алан Гајгер.

За време на неговата кариера, тој освои 17 трофеи, од кои 14 со Јувентус, каде беше играч од 2011 до 2018 година.

Пред Јувентус, тој играше за Грасхоперс, Лил и Лацио, а подоцна и за Арсенал и Аугсбург.

Треба да знаете
Последни објави