Search

Листа на најмоќни земји во светот: Првите три позиции без промени

На врвот на листата најмоќни земји во светот и во 2020 година се САД. Следи Русија, а на третото место е Кина. Листата е направена на основа на влијание на државата, како и нивната политика, економска и воена моќ. Листата од 80 најмоќни држави на светот се темели на одговорите на 21.000 луѓе, а ја направи медиумската компанија „УС Њуз и Ворлд Рипорт“.

На списокот од 80 најмоќни земји се најдоа и Србија, Хрватска и Словенија, пренесе „Индекс“. Од земјите на поранешна Југославија, најдобро е пласирана Србија, која го зазеде 44. место, за разлика од минатогодишното 52. место, а е опишана како мала држава во центарот на југоисточна Европа, со богата воена историја уште од времето на средниот век.

Хрватска се најде на 67.место, што подобра позиција во однос на минатогодишното 75. место. За неа „УС Њуз“ пишува: Хрватска мастана на крстосницата на големите историски движења од исток и запад. Политичките промени ги променија нејзините денешни граници, кои ја обиколуваат Босна и Херцеговина и се протегаат низ Јадранското море до Италија.

Словенија се наоѓа на крајот на листата, на 73.место.

Првите десет позиции ги зазедоа овие држави:

10.Саудиска Арабија
9.Јужна Кореја
8.Израел
7.Јапонија
6.Франција
5.Обединето Кралство
4.Германија
3.Кина
2.Русија
1.САД

Треба да знаете
Последни објави