Search

Лила Филиповска заработи кривична за затајување 1,8 милиони денари данок

Управата за финансиска полиција поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „Даночно затајување” до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Лила Стојановска Филиповска која во својство на физичко лице во периодот од 21.06.2017 година до 07.07.2017 година, на личната банкарска сметка, во три наврати примила парични средства во вкупен износ од 16.095.600 денари, по основ на склучен Договор за изготвување на „Проект за Интернационална асоцијација за заштита на човековите права” со Друштвото ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК Скопје и лицата Е.Н. и Д.Н..

Измамената Ена Норнилд, косопственичка на градежната компанија пред една недела за „МКД.мк“.  рече дека Филиповска била посредник во измамата на Бојан Јовановски-Боки 13 во шемата на за наводното учество во ЕУ проекти за изградба на домови за стари лица во која градежната фирма „Дан-Мак“ била измамена за 250 илјади евра. Таа уште пред две години поднела кривична пријава против Јовановски и Филиповска.

Филиповска, пак, демантираше дека учествувала во измама и рече дека неправедно е валка нејзиното име.

Како што информира Финансиската полиција, расположивите парични средства како остварен приход осомничената ги подигнала во целост и во готово за себе лично, при што без да ги пријави во Годишната даночна пријава за 2017 година до Управата за јавни приходи, не пресметала и не уплатила Персонален данок на доход во висина од 1.788.398 денари, за кој го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија.

Управата за финансиска полиција постапила по овој случај откако претходно до неа е доставена Пријава од Друштвото ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК и лицата Е.Н. и Д.Н..

Во Пријавата е изнесено сомнение за сторени кривични дела со лажно прикажување факти, против Л.С. на која и уплатиле вкупно 16.095.600 денари. Притоа е склучен и нотарски заверен Договор за уредување меѓусебни обврски меѓу Л.С. и пријавителите, за изготвување Проект за интернационална асоцијација за заштита на човекови права со цел обезбедување средства и со ветување дека за проектот на правното лице ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК ДООЕЛ Скопје, Л.С. наводно ќе му обезбеди донации од 3.580.000 евра.

Треба да знаете
Последни објави