Search

Ликвидацијата на Стојановиќ во Белград била извршена со експлозив Ц-4

Првичните анализи по извршениот атентат во кој загина Страхиња Стојановиќ во Белград, укажуваат дека е користен пластичен експлозив Р500, познат како Ц-4. Експлозивот бил поставен под возилото, а е активиран кога тоа се  движло. Стојановиќ (30 г.) имал сериозно кривично досие и бил апсен и осудуван неколку пати за разни тешки кривични дела, пренесоа српските медиумите. Тој им подлегнал на повредите здобиени од експлозијата во болница.

На ваквите претпоставки укажуваат остатоците од џипот, бидејќи во последниве години овој експлозив, или тротил, најчесто се користел во пресметките на мафијата низ белградските улици.

Да беше поставен посилен експлозив, уништувањето на самото возило ќе беше многу поголемо, а патниците сигурно немаше да преживеат, наведува соговорникот од истрагата, пишува Новости.

Во овој случај, експлозивот е поставен директно под возачкото седиште и се активира од далечински. На сличен начин, беше разнесен Синиша Милиќ Боске, главниот оперативец на кланот на Лука Бојовиќ и Филип Кораќ.

Тој беше убиен во јуни 2018 година на семафор во Автокоманда, во Белград.Тогаш бил користен Ц-4, а бил активиран со повик од мобилен телефон.

Оперативните податоци од полицијата укажуваат на тоа дека оние кои се подготвувале за ликвидација на Стојановиќ, најверојатно го лоцирале преку профилот на социјалните мрежи на Колумбијката Соња Суарез Гомез, која не се одвојуваше од него во последните шест месеци. Таа е многу активна на „Инстаграм“, има јавен профил на кој објави фотографии со егзекутираниот Стојановиќ.

Двајцата летово престојувале на Златибор и Копаоник, а таа ги снимила и објавила локациите каде се наоѓале што веројатно им ја олесни работата на извршителите.

Треба да знаете
Последни објави