Search

Лидерот на протестите во Ерменија рече дека денешните избори биле слободни и демократски

Вршителот на должноста премиер на Ерменија Никол Пашињан ги пофали денешните парламентарни избори како „навистина слободни, транспарентни и демократски”, јави ДПА.

Пашињан, кој ги предводеше масовните протести по улиците на ерменската престолнина претходно оваа година, рече дека со предвремените избори демонстрантите ја „постигнаа својата цел”.

Поранешниот новинар и в.д. премиер дојде на власт во мај, но не располагаше со мнозинство во Парламентот. Тој направи политички маневар и поднесе оставка, но се договориле со пратениците да не избираат нов премиер, туку да се распушти парламентот и да бидат распишани нови избори.

– Главната цел ни беше да постигнеме демократија, во што успеавме, изјави за новинарите Пашињан.

Треба да знаете
Последни објави