Search

Лидерот на италијанската левица го преживеа гласањето доверба по поразот на изборите во ЕУ

Италијанскиот вицепремиер Луиџи Ди Мајо го преживеа гласањето доверба за неговата лидерска позиција во партијата откако ја понуди својата оставка по катастрофалниот изборен резултат на изборите за Европскиот парламент минатиот викенд, пренесува „Ил џорнале“.

Членовите на Движењето за пет ѕвезди (M5С) беа повиканида гласаат за продолжување на лидерската позиција на Ди Мајо во четвртокот на веб-страницата на движењето, позната како „Русо“, по шрто гласаа 56.127 члена, а левичарскиот популист доби поддршка од 80 отсто од нив .

По гласањето, движењето напиша на нивната веб-страница: Денеска „Русо“ беше една од најубавите страници во историјата на директната демократија на Движењето Пет ѕвезди”.

M5С, исто така, го пофали рекордното учество во онлајн гласањето кое исто така е светски рекорд за онлајн-гласање за политичка сила во еден ден .

Пред гласањето,„Ил џорнале” објави дека членовите на М5С биле шокирани дека нивните резултати на европските избори минатиот викенд биле дури и пониски отколку што претходно се предвидувало. Ди Мајо ја понуди својата оставка како лидер на движењето по катастрофалниот резултат.

Некои го обвинија Ди Мајо, кој е лидер на ДМ5С, вицепремиер и министер за труд, дека презел премногу работни места одеднаш. И покрај критиките, основачот на M5С, Бепе Грило, излезе во одбрана на Ди Мајо, велејќи:

„Луиџи не сторил криминал, тој не е вклучен во никаков скандал и мора да остане на лидерската позиција “, додаде Грило.

И покрај добивањето на довербата, Ди Мајо сé уште се соочува со анкетите кои многу го поддржуваат неговиот коалициски партнер Матео Салвини и неговата десничарска партија Лига, која победи на европските избори. Салвини јасно стави до знаење дека ќе го искористи моментумот на изборната победа за да изврши притисок за сопствени домашни политики, многу од кои М5С претходно ги отфрли.

Треба да знаете
Последни објави