Search

Лидерите на двете водечки партии во Австралија согласни дека хомосексуалците не одат во пеколот

Лидерите на двете главни австралиски политички партии се согласија дека хомосексуалците не одат во пекол поради својата сексуална ориентација, откако во завршницата на предизборната кампања во центарот на вниманието се најдоа христијанските убедувања.

Премиерот Скот Морисон беше против хомосексуалните бракови, додека лидерот на опозицијата, Бил Шортен, се залагаше за еднаквост на браковите спроти националните избори во 2017 година, со што се овозможи признавање на истополни заедници.

Морисон го обвини Шортен за „очаен, евтин удар” во пресрет на изборите во саботата, бидејќи тој го предизвика да каже дали верува оти хомосексуалците одат во пеколот.

Морисон одговорил дека не верува дека хомосексуалците одат во пеколот, откако тој избегнувал претходниот ден да одговори на истото прашање што го прашал новинар.

Треба да знаете
Последни објави