Search

Либерман негира дека постои договор за поддршка на Ганц

Лидерот на израелската националистичка партија Израел наш дом, Авигдор Либерман денеска негираше дека за премиер го предложил лидерот на Сино белата партија, Бени Ганц.

Либерман на Фејсбук напиша дека договор „не постои” додавајќи оти на неговата партија би и било добро „или во коалиција или во опозиција”.

Тој истакна дека не разговарал ниту со лидерот на Ликуд, Бенјамин Нетанјаху, ниту со Ганц и оти нема да разговара пред состанокот со израелскиот претседател Рувен Ривлин, што е закажан в недела.
Поранешниот министер за надворешни работи и за одбрана истакна и дека изборниот успехот на

Заедничка листа, која освои 13 пратеници му го должат на Нетанјаху.

Израелската Изборна комисија денеска објави дека и по 99,8 проценти од преброените гласови од предвремените парламентарни избори во Израел, ниту една од двете водечки партии не може да формира владејачка коалиција.

До сега преброени се 99,8 отсто од гласови, а треба да се пребројат гласовите од 14 избирачки места каде се забележани нерегуларности на денот на избори, кои се уште се истражуваат. Израелците гласаа на повеќе од 2.000 избирачки места.

Сојузот на партии на центарот на поранешниот началник на Генералштабот на израелската армија, Бени Ганц го задржа водството од две пратенички места (вкупно 33) над конзервативниот Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

На трето место е Заедничка листа на израелските Арапи со освоени 13 пратеници , а потоа следат партијата на ултраортодоксните сефардски Евреи со девет, додека верската Обединет јудеизам на Тората освои осум пратеници.

Националистичката партија Либерман освои осум мандати, а десничарскиот сојуз Јамина – седум, левичарскта партија Лабуристи-Гешер – шест, додека Демократската унија има пет пратеници.
Блокот на левиот центар, вклучително и Заедничка листа со членовите на израелските Арапи, кои никогаш не биле дел од Владата, сега има 57 пратенички места, а десничарскиот блок има 55.

Ниту еден блок нема мнозинство од 61 од вкупно 129 пратеници во Кнесетот за да формира коалиција. Поради тоа Либерман, исто како и по изборите во април е клучен фактор за формирање на Влада.

Претседателот на Израел, Рувен Ривлин в недела ќе почне консултации со претставници на деветте парламентарните партии за мандатар за состав на нова влада. Се очекува консултациите да траат два дена.

Нетанјаху вчера апелираше до Ганц да формираат влада на национално единство, но лидерот на Сино белата партија ја одби понудата. Ганц инсистира Нетанјаху, кој е осомничен за корупција и ќе биде сослушан во октомври, да се повлече од лидерското место на Ликуд, за да се формира влада.

Заедничка листа се уште нема одлучено дали ќе го поддржи Ганц.

Треба да знаете
Последни објави