Search

Лиам Хемсворт подготвен да ја запроси Габриела Брукс

Австралискиот актер Лиам Хемсворт е во врска со Габриела Брукс од декември 2019 година, а извори сега тврдат дека тие се подготвени својата романса да ја однесат на следното ниво, бидејќи работите се „сериозни“ меѓу нив.

„Лиам и Габриела сигурно нема да ѝ соопштат на јавноста, но нивните пријатели и семејството знаат колку се зближија и дека свршувачката може да се случи било кој ден во блиска иднина,“ изјави инсајдер.

Sвездата на „Игри на гладните“ (31) претходно беше во брак со Мајли Сајрус осум месеци пред разделбата во 2019 година, а нивниот развод беше финализиран во јануари 2020 година, еден месец откако Лиам ја започна својата романса со Габриела.

А, Лиам, наводно, сака неговата 24-годишна девојка да остане надвор од центарот на вниманието, бидејќи се бореше со преголемата јавна експонираност на неговата врска со Мајли.

Треба да знаете
Последни објави