Search

Лиам Пејн се пресели во уште една опседната куќа

Лиам Пејн повторно живее во проколната куќа, откако се исели од иста таква.

Поранешниот пејач на групата One Direction  беше убеден дека има дух во неговиот дом во западен Лондон, но се чини дека необичните појавувања го следат и во неговата нова куќа и тој се бори да спие.

Говорејќи на „Инстаграм лајф“, тој рече: Не спиев добро минатата ноќ.

„Се преселив во уште една опседната куќа. Таа е изградена во 1500-тите и е стара и страшна. Можеби ќе направиме некој вид истерување на духови во стилот на „Големиот брат“.

27-годишниот пејач раскажа за откаченото искуство што го имаше во мај, кога го разбуди силен шум додека престојуваше во неговата стара куќа.

„Лежев на кревет кога се запали светлото на гардероберот во мојата соба и вратата од шкафот се затвори со тресок. Тоа беше откачен момент, “ рече пејачот.

Треба да знаете
Последни објави