Search

Летно кино со автомобили во Охрид

Три филма ќе бидат прикажани на отворено во Охрид, во рамки на настанот Drive-in Летно Кино кој ќе се одржи за првпат.

Тридневната проекција ќе се одржи на паркингот Горица 3- НЕМО од 14 до 16 август, а распоредот на филмовите е следен:

• 14.08. (петок)- „The Little Gangster“ (Малиот Гангстер)
• 15.08. (сабота)- „Панкот не е мртов“
• 16.08. (недела)- „The house that Jack built“ (Куќата што ја изгради Џек)

Проекцијата на филмовите започнува во 21 часот, а со цел да се избегне метеж паркингот ќе биде отворен од 19:30ч при што ќе има Pre-movie Warm Up со млади ди-џеи и изненадувања.

Картите за една вечер се во износ од 400 денари од автомобил по двајца, а бројот на билетите е ограничен.

Организаторите порачуваат да се следат протоколите и на настанот да се носат маски и ракавици. Истовремено, апелираат паркирање на  означените места.

„Осигурајте го возилото и исклучете ги светлата Не излегувајте од автомобилот беспотребно! Доколку сакате да бидете услужени, приклучете 4 трепкачи и почекајте“, наведуваат организаторите на настанот.

Влезот за возилата ќе биде од страната на хотелот ИНЕКС Олгица 2 (од кај кружниот тек) према паркингот Горица 3- НЕМО.

Повеќе информации за настанот на следниот ЛИНК.

Треба да знаете
Последни објави