Search

Леопарди побегнаа од сафари парк во Кина

Три големи леопарди побегнаа од зоолошка градина во Кина. Еден од побегнатите леопарди сè уште е на слобода и шета низ еден од најголемите кинески градови Хангжу, пишуваат кинеските агенции.

Снимки од надзорните камери објавени на Интернет покажале дека еден од леопардите шетал во луксузната област од градот, источно од паркот.

Тимови од експерти биле испратени во потрага по избеганите животни и акцијата резултирала со делумен успех бидејќи два од леопардите биле вратени во паркот сафари, соопштија локалните власти.

Во меѓувреме, е започната масовна потрага по третиот леопард, а официјални лица и локалното население ја пребаруваат областа пеш и со помош на безпилотни летала.

Според тамошните медиуми вработените во паркот првично ги негирале информациите дека животните побегнале, но подоцна ги прифатиле критиките и изразиле жалење што порано не го предупредиле населението.

Треба да знаете
Последни објави