Search

Лекиќ го повреди ушното тапанче, нема да игра на Мундијалот во Јапонија

Пред стартот на женското ракометно Светското првенство во Јапонија (30 ноември-15
декември) се повреди српската репрезентативка Андреа Лекиќ. Поранешната ракометарка на Вардар и миленичка на скопската публика Лекиќ настапувајќи за својот нов клуб Букурешт во Лигата на шампионките го повредила ушното тапанче ќе го пропушти мундијалот .
-Ова е ретка спортска повреда. Оштетено е ушното тапане, ќе мора да и биде
извршена операција. Не е добро за нас што во овој момент таа мора да мирува три
недели. Таа ќе може да функционира нормално после првата недела, но нема да смее
да игра натпревари. Добро е што по периодот на рехабилитација таа ќе може да ја
продолжи спортската кариера, изјавил Миленко Савиќ, докторот на српската репрезентација.
Србинките тргнаа за Сеул каде од 22 до 22 ноември ќе играат на турнир заедно со Јужна Кореја, Русија и Унгарија, по што ќе продолжат за Јапонија, каде во рамките од А-групата ќе играат против  Холандија, Норвешка, Словенија, Куба и Ангола.

Треба да знаете
Последни објави