Search

Легендарниот пејач Ѓорѓе Марјановиќ ја загуби битката со коронавирусот

Легендарниот пејач бил приклучен на респиратор и лекарите се бореле за неговиот живот изминатите денови, јавуваат медиумите во регионот.

Легендата на југословенската поп музика, Ѓорѓе Марјановиќ, починал на 89-годишна возраст.

Ѓорѓе Марјановиќ е познат југословенски пеач, најпопуларен во текот на 60-тите, 70-тите и 80-тите години на минатиот век во СФР Југославија и според многумина најголемата sвезда на југословенската поп музика.

Роден е во Кучево. Средно училиште завршил во Пожаревац, по што студирал фармација во Белград. Откако ги запоставил студиите, заработувал пари истоварувајќи вагони на железничката станица, дистрибуирајќи млеко и весници, работи како инкасатор во Радио Белград и глумел во филмот „Сите на море“ а играл и во југословенскиот драмски театар.

Првпат пеел на аудицијата на поп-пејачи организирана од Здружението на џез музичари на Србија, а во наредниот период пеел и на игранки и забави во градот.

Пресвртницата се случила во 1958 година во Ниш. Душко Раданчевиќ, раководителот на мал белградски оркестар што ги придружувал пејачите и актерите, го поканил да пее на паузата помеѓу настапите на пејачи на забавна и народна музика. Ѓорѓе отпеал четири песни. Публиката реагирала фантастично, барајќи бис.

Ѓорѓе Марјановиќ имаше голем број на хитови а беше добитник и на голем број награди и признанија.

Треба да знаете
Последни објави