Search

Левица: Oставка и кривична одговорност за заканите на Нухиу кон Илиевски

Левица со соопштение ја информира јавноста дека бара оставка и кривична одговорност за заканите на заменик-министерот во МВР, Агим Нухиу кон инспекторот Илиевски кој ги откри малверзациите на Тетовскиот универзитет.

Соопштението следи во целост.

„Веќе два месеци нема никаква одговорност или иницирана постапка за откриениот скандал на Тетовскиот универзитет, каде кадри на ДУИ и актуелни функционери незаконски се стекнувале со научни звања и ги злоупотребувале буџетските средства. Со ново писмо до јавноста инспекторот Илиевски кој го разоткри скандалот повторно потенцира дека добивал закани од заменик-министерот на МВР Агим Нухиу, овој пат кон неговото семејство! Ова е огромен скандал за функционер од највисоките редови на власта, кој преку злоупотреба на својата позиција и моќ се обидува да го спречи извршувањето на законските прописи заради лична корист.

Очигледно е дека Тетовскиот универзитет, каде функционерите на ДУИ незаконски се стекнуваат со материјална корист, е недопирлив за органите на прогонот кои се под директно влијание на заменик-министерот Нухиу. Скандалозно е што речиси два месеци инспектор трпи закани и притисоци од највисоки владини функционери, додека Основното Јавно Обвинителство нема иницирано никаква постапка. Очигледно е дека и со новиот режим на СДСМ под диктат на НАТО, законите и органите на прогонот служат само за гонење на ситните криминални на обичните граѓани.

Дали Владата на СДСМ и ДУИ која насилно и противуставно менуваше име на државата во име на евро-атлантските интеграции, со закани од фунционери и прикривање корумпирани скандали ќе го гради прогресот на оваа држава? Предреферендумските ветувања за промена на името кои наводно ќе донесеа демократија и европски реформи станаа фарса за обичните граѓани кои секојдневно ги сведочат криминалите, заканите и насилството на новата Влада на СДСМ и ДУИ. После една година, повеќе од јасно е дека уценетата промена на името беше реализирана само заради интересите на домашните и странските елити и нивните геополитички планови. Токму затоа, сите погубни национални и економски политики која ги донесе оваа анти-работничка власт мора да бидат поништени и ваквите криминални партии кои ги распродаваат националните и државните интереси засекогаш да бидат избришани од политичката сцена.“

Треба да знаете
Последни објави